Во текот на вчерашниот ден околу 21:30 часот било пријавено дека околу 21.00 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, информираат од МВР.

Додека С.М.(51), С.М.(20) и К.М.(24), сите од Скопје, туркале до тротоарот од улицата патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на нивниот сосед К.С.(33) од Скопје, се судриле со патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје, а сопатници биле две деца на возраст од 16 и 12 години.

По незгодата дошло до вербална расправија и физичка пресметка помеѓу учесниците. Едно непознато лице, кое се вклучило во тепачката, со безбол палка го удрило Б.М. во главата. Б.М. бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а С.М., К.М. и С.М. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Исто така, било пријавено дека до пристигнување на полициските службеници некое од лицата извадило пиштол и испукало неколку куршуми, но при преглед на затекнатите лица и возила не било пронајдено оружје, чаури ниту оштетени предмети. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.