Драма во Кисела Вода: Се запали возило во движење (ФОТО)

Автомобил марка „Фолксфаген поло“ вчера попладне се запалил на паркинг во Скопје, на улица „Пушкинова“ во населбата Кисела Вода.

Како што дознаваме од очевидци, автомобилот се запалил околу 19,45 часот, а возило на противпожарна единица веднаш реагирало на повикот на граѓаните. Пожарникарите експресно дошле и го угасиле запалениот автомобил.