Драган Бјелогрлиќ вечерва и утре со театарската екипа пред македонската публика

Вечерва и утре, Македонскиот народен театар ќе биде домаќин на Београдското драмско позориште. 

Екс Ју турнејата на Београдското драмско позориште, започнува токму со гостувањето во Македонскиот народен театар, Скопје. Имено, екипата ќе настапи со изведба на „Лет над кукавичкото гнездо“, според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.

Претставата е големо враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградско драмско позориште во легендарната црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот.

Главниот лик на Редни П. Мекмарфи го игра Драган Бјелогрлиќ, а останатите актери се: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.

фото извор: nasceni.rs

МНТ информира дека билети за изведбите на 4 и 5.10, може да се купат само на билетарницата во МНТ од 16:00 до 20:00 часот.