Доктор Коламовски: Желбата да им помогнам на моите Македонци ме врати во родниот Пустец

Доктор Нико Коламовски, по 32 години во Македонија, се вратил во родниот крај Пустец, каде што се грижи за здравјето на своите сограѓани.

Коламовски работи во Здравствениот дом во Пустец, а во разговор со медиумите кажа дека со медицински услуги ги покрива селата Шулин, Леска, Зрноско и Церје.

- Желбата да им помогнам на моите Македонци, на моите луѓе, повторно ме врати на родното место. Се чувствувам добро на моето место, затоа што се вратив дома. Голем број од лицата имаат над 70 години и не можат да се движат. Децата не им се тука. Се обидуваме да им помогнеме колку можеме, изјави докторот за „РТШ“.