Додека скопјани ја чекаат Арсовска да го погоди тајмингот за украсување Битола и Штип веќе го направија тоа

Првите новогодишни светилки и украси веќе се поставени низ Битола. Украсувањето веќе може да се забележи во Старата битолска чаршија и на над мостовите на реката Драгор.

Украсување има и кај Саат-кулата, низ Широк сокак, се до Офицерскиот дом каде ќе биде поставена новогодишната елка.

И во Штип сликата не е нешто поразлична. Веќе неколку дена има украсување во централното градско подрачје се со цел да се долови дека новогодишните празници само што не пристигнале.

Општина Штип за таа намена има издвоено средства од буџетот каде оваа година ќе се украсува со нови светилки. На плоштадот Слобода веќе е поставена новогодишната елка и истата се очекува да биде украсена од дечиња што веќе станува традиција во градот.

Градоначалникот Јорданов испрати апел до граѓаните да го чуваат она што е поставено, се со цел Штип подолго и подобро да ги пречека претстојните празници.