Добивте термин за вакцинација: Како да се надмине стравот од игли?

Бројот на луѓе кои страдаат од трипанофобија - страв од игли - воопшто не е занемарлив и всушност се работи за сериозен проблем. 

Тој се манифестира со благ паничен напад секогаш кога пациентот ќе види шприц со игла, а некогаш и со многу изразен страв, што може да биде загрижувачки сега, кога е започната вакцинацијата против ковид-19 насекаде во светот. 

Она што е олеснувачко, е сознанието дека неудобноста кратко трае, но и дека паниката претходно може многу да ја влоши ситуацијата. Напливот на адреналин може да резултира и со поинтензивна болка, а медицинскиот преглед или интервенција, вклучително и вакцинацијата, да трае подолго од што е предвидено. 

Најдобро е да се комуницира со медицинскиот персонал. Предупредете ги за својот страв, а голем дел од нив ќе знаат како на вистински начин да ве утешат и да го променат пристапот кога ќе ја инјектираат вакцината. 

Ако вашиот страв е преголем, можеби и треба да побарате соодветна психолошка терапија, бидејќи многу медицински лечења и интервенции се поврзани токму со игли. Со помош на вежби, се развива зголемена толеранција кон иглите и на тој начин, лицето успева да го ублажи, а во некои случаи и да го надмине стравот.