Добивав студентски кредит и живеев во студентски дом, сама ги плаќав студиите – денеска сум доктор на науки

Додека студирав живеев во студентски дом и секоја година бидејќи бев добар студент добивав студентски кредит, со кој можев да ја платам школарината и домот.

Едвај врзував крај со крај. Секој викенд кога си одев дома, кај моите во родниот град, во петок татко ми ме прашуваше колку пари ќе треба да ми обезбеди до недела. А само тој знаеше на кој начин ги обезбедуваше тие пари.

Секогаш ја кажував сумата како да можам да ги купам скриптите.

Потекнував од работничко, скромно семејство, и знаев дека дома оставам родители и помали брат и сестра.

Имаше и денови кога си легнував гладна, бидејќи мензата во студентскиот дом не работеше, а јас некогаш доцна се враќав од факултет.

Денеска јас сум доктор на науки, имам убава работа и убава плата. Дел од платата ја давам на моите родители, бидејќи татко ми зема мала пензија.

Секој пат кога ќе им давам пари, им упатувам благодарност за се што ми овозможија, за да се школувам и да стасам до таму каде што сум сега.

Моите помали брат и сестра денеска и тие се на факултет, а јас сум таа која стои зад нив и се трудам ништо во животот да не им фали. Да не одат по мојот пат, бидејќи нив има кој да ги заштити и да ги финансира.