Доаѓа трет бран на епидемијата на корона вирус, предупредуваат во Хонг Конг

Властите во Хонг Конг, кои успешно се бореа против пандемијата на коронарвирусот, сега предупредуваат за можен „експоненцијален раст“ на нови случаи, како резултат на зголемувањето на локалниото пренесување.

Од неделата, Ковид 19 е дијагностициран кај 65 лица, вклучувајќи 31 локално пренесен случај што се нарекува „трет бран“ на пандемијата во Хонг Конг.

Инфицирани се таксисти, работници во ресторани, медицински лица и лица во домови за нега на стари лица, јави Си-Ен-Ен.