До мојата најдобра пријателка: Ти го заслужуваш најдоброто на овој свет

Драга најдобра пријателке,

Ти го заслужуваш целиот свет и најдоброто од него. Сакам да знаеш дека секогаш сум тука за тебе и дека секогаш ќе се трудам да го добиеш најдоброто.

Ти ме научи што навистина значи сродна душа и  ме научи на толку многу работи. Ти си во мојот живот со причина, потребна си ми и секогаш си тука за мене. Никогаш нема да можам да ја заборавам помошта и поддршката кои ми ги даваш секогаш. Тука си за мене кога плачам, но и кога се радувам. Ме прегрнуваш при моите порази, ракоплескаш гласно на моите победи.

Можеш да ја прочиташ болката во мене дури и кога не зборувам ништо. Можеш да се смееш и да танцуваш на мојата среќа, дури и тогаш кога не сум свесна за неа. Тука си да ме потсетиш кои нешта се вистински важни во животот, ме учиш на сите твои добри страни, позитивно размислување и заразна насмевка. Ти не претстануваш.

Ти го гледаш најдоброто во луѓето, ти веруваш во нив дури и кога не веруваат во себе. Тука си за сите ние кои сме ти блиски. Се грижиш за нас повеќе од било кој. Ја знаеш нашата суштина, сите наши маали мани, нашите предности. Ние сме секогаш приоритет за тебе. Ти си лојална, храбра и бестрашна. Ти си најмоќната сила во нашиот свет.

Ти си посилна од сите други кои сум ги запознала. Ти не дозволуваш овој свет да те направи бесна и незадоволна. Го сакаш светот, ги сакаш луѓето и затоа го заслужуваш најдоброто на светот. Не дозволувај никој да те убеди во спротивното.

Биди сигурна дека секогаш ќе бидам до тебе за да ти  покажам колку ми значиш. Верувај дека ќе се борам со целиот свет против тебе и сите оние кои сакаат да те повредат. Нема да дозволам никој никогаш да ја уништи и избрише твојата насмевка.