Див запад на скопските сообраќајници: Тепачки за паркинг и за сообраќајни прекшроци

Улиците во Скопје стануваат Див запад, во текот на изминатиот ден во градот се случиле два одвоени инциденти.

Првиот се случил вчера во 23.00 часот кога П.С.(33) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на подрачјето на Карпош, по кратка расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од Б.И. и уште едно лице, а подоцна во нападот се приклучиле и уште неколку лица.

Вториот настан се случил исто така вчера во 12.30 часот З.Б.(67) од Скопје пријавил дека околу 12.05 часот пред амбуланта во Железара, по претходна расправија околу паркирање на возило, бил физички нападнат од едно лице кое според пријавеното било вработен во амбулантата.

Полицијата презема мерки за расчистување на настаните.