Директорка на штипска градинка го оштетила државниот буџет за 2,59 милиони денари

Директорка на градинка во Штип доби кривична пријава затоа што го оштетила државниот буџет за 2,59 милиони денари.

-СВР Штип во надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.М.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Попречување на правдата“, информира МВР.

Како што соопшти МВР, пријавената во својство на вршител на должност директор  на општинската јавна установа - Детска градинка во Штип, на 22.12.2022, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле извршени, таа извршила исплата на економскиот оператор и предизвикала штета на Буџетот на Република Македонија за сума од 2.593.601 денари.