Дилер од населба Илинден обвинет за продажба на амфетамин и марихуана

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 24-годишник од скопската населба Илинден за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од Обвинителеството, на 10 март, при извршен претрес во домот на обвинетиот, биле пронајдени девет пакувања марихуана во вкупна тежина од 212,65 грама, како и амфетамин со вкупна тежина од 25,73 грама, спакуван во шест поединечни пакувања.

Полицијата ја одзела дрогата која обвинетиот ја подготвувал за продажба.

Надлежен јавен обвинител доставил предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетиот 24-годишник, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или можност тој да го повтори делото доколку се брани од слобода.​

Sportswear free shipping | Nike Air Max 270