ДИК со најнови информации за излезноста на изборите до 18:30 часот

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски изјави дека има солидна излезност на денешните избори. 

До 18:30 часот на претседателските избори излезноста е 46,34 проценти, а на парламентраните избори 53,15 проценти. 

Најголема излезеност за претседателските избори има во Новаци со 72,76 проценти, а најмала во Липково со 7,35 проценти. 

За парламентарните избори најголема излезност има во Кривогаштани 82,43 проценти, а најмала во Центар Жупа 18,62 проценти. 

По изборни единици излезноста е следна:

Во Првата изборна единица излезноста е 59,32 проценти, во Втората 48,61 процент, во Третата 57,77 проценти, во Четвртата 58,36 проценти, во Петтата 53,45 проценти и во Шестата изборна единица 40,36 проценти. 

Како што информираше Даштевски до нив доставени се вкупно 490 приговори за заштита на личното избирачко право.

- Од нив, 262 е овозможено да го остварат своето право на глас, 33 приговори се отфрлени како неуредни, а 88 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, велат од ДИК.