ДИК: Резултати од близу 70% обработени гласови

Повеќе од двојно водство на кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ, пред кандидатот на СДСМ евидентираат официјалните резултати на ДИК, на обработени 2.475 избирачки места. 

Гордана Силјановска Давкова има освоено 361.279 гласови (64,30%), а Пендаровски 166.120 гласови (29,57%).

Додека кај Парламентарните избори од досега обработени 2.446 избирачки места, Коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ освои 272.745 гласови, Коалицијата за Европска иднина - СДСМ освои 93.204, Коалицијата Европски фронт освои 101.415 (15,40%), а Коалицијата ВЛЕН 81.946 (12,44%) гласови. Резултатите од останатите партии можете да ги видите на сликата подоле: