ДИК: Пендаровски 58,96 проценти, Силјановска 37,71 отсто

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 25,17% отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 58,96% проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 37,71% отсто.

Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.