Девојка скриена во багажник на автомобил откриена на ГП Блаце

Девојка на возраст од околу 20 години била откриена во багажник на автомобил на македонски државјанин кој сакал да влезе во државава преку граничниот премин Блаце.

Според информациите на Царинската управа, во текот на минатава недела за влез во државата се пријавил македонски автомобил управуван од македонски државјанин, кој одбивал да одговори на прашањата на царинските службеници и не дозволувал да се изврши контрола на возилото.

Со асистенција на полициските службеници од граничниот премин, била извршена контрола на возилото и во багажникот била пронајдена девојка на возраст од околу 20 години без документи за лична идентификација.

Случајот е предаден на полициските службеници за понатамошна постапка.