Девојка малтретирана од поранешното момче, таткото го пријавил во полиција

Педесет и шест годишен маж синоќа околу 3 часот во полициска станица го пријавил поранешното момче на нејзината ќерка.

Според пријавата вчера околу 21, 30 часот во Скопје, неговата ќерка по претходен договор се сретнала со момче со кое претходно била во љубовна врска, при што момчето ја внело во патничко моторно возило „Пасат“ и и упатувал закани, а потоа ја оставил на булевар „Партизански Одреди“.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.