Детските роденден некогаш: Скромните подароци и домашните торти се заменија со ремек дела од фондан и подароци како бовчи

Ќе купевме тетратки и молив и одевме на роденден. Ќе не почастат со сокче, смоки, мини сендвичи и торта. Поедноствно не можеше да биде, а ние сите среќни и насмеани, така беше некогаш.

А, денес се прават мегаломански роденденски забави, за кои треба да се запрашаме дали се наменете за децата или за престиж на родителите?

Во последните неколку години игротеките станаа речиси единствен избор за прославата на детските родендени.Како и за многу работи, кај нас и за ова се претерува. Постојат одредени игротеки во Скопје каде има понуда за роднеденско мени. Најчесто цените се движат од 200 до 600 денари по човек, без вклучен пијалок.

- Оваа година на мојата ќерка роднеденот ќе и го прославам во една игротека во скопски Аеродром. Изнајмувањето на просторот е 3000 денари во оваа сума спаѓаат грицките за децата. Тортата ќе не чини 3000 денари бидејќи ќе биде изработена со фигури, за мезето, кифлите, салатите ќе потрошам негде околу 2500 денари, пиењето ќе биде од самата игротека каде цените на пијалоците се исти како и во кафич.А за роденденската облеката потрошивме 2500 денари, вели скопјанката Биле.

Организирање мегаломански родендени во игротеките стана престиж за родителите. Па кој ќе открие нова игротека, мора веднаш да ја сподели во друштвото.

Со едне збор денешните  родендени се вештачки. Купена огромна торта.Зе мен простор во игротека каде си ограничен да седиш само 2 часа. После сите дома. Мајките немаат време за губење во игротеки. Кловнови и некакви самовили. Декорации еден куп. Мислиш венчавка, а не роденден. Мораш да однесеш скап поклон, инаку ќе бидеш посрамен. На роденденот 40 деца. Цело одделение или сите деца од градинка. Децата на сите пријатели и роднини. Секое на своја страна. Набавуваш некакви си покани за да ги поканиш на роденден, ако нема покана, некој може и да не ти дојде. Има се е сешто, но воопшто ја нема атмосферата на еден вистински роденден кој ќе се памети.

- Две работи беа пресудни кога почнав да размислувам за поинаков начин на славење на родендените. Првата е сличните понуди во игротеките кои меѓу себе, освен во цената, во ништо друго не се разликуваа. Понекогаш нова маска, подобар или полош аниматор, но главно тука завршува сѐ. После некое време децата не прават разлика на кој роденден било ова или она зашто сите родендени личат еден на друг, дијапазонот на изненадувања е многу мал. Оваа година роденденот на мојот син го прославивме во нашето маалско паркче. Ги поканивем дечињата на маалска забава за која имавме купено пластични чашки, сокови, грицки и пица.Решивме овој роденден да не биде со помпезна тортоа, па така купивме кутија со чоколадца на која ставиме свеќичка.Децата беа презадоволни играа трчаа и плус се мезеа, вели скопјанката Моника.

Како и за многу работи, доколку се споредиме со други земји, ќе забележиме дека претеруваме. Во Словенија, на пример, се собираат дечињата, без родителите, најчесто од градинка или од училиште, играат, се почестуваат со скромна закуска и тоа е тоа. 

new nike air max 2019