Детската клиника е преполна со пациенти

Детската Клиника е преполна со пациенти. Деца со вирусни инфекции се сместуваат на сите оддели само за да не бидат вратени. Исто така и мајките да ги станувале од кревет за да хоспитализираат болно дете.

Од Клиниката велат дека постојано доаѓаат нови пациенти. 

Секое второ дете е погодено од загадувањето. Училиштата празни, болниците полни. Во детската болница Козле дневно има и по 100 прегледи, а на клиниката за детски болести речиси целосно се исполнети капацитетите. Рспираторни и стомачни вируси се најчестите проблеми со кои се соочуваат децата.

Во меѓувреме, велат граѓаните кој како знае се заштитува од штетните ПМ10 честички. Вонредните мерки доаѓаат откако Скопје се најде на првото место на најзагаден град во светот и со денови штетните ПМ10честички ги надминуваа дозволените прагови, а енормно количество на ПМ10 честички регистрираа и мерните станици во Битола, Тетово, Прилеп и Струмица.