Детална временска прогноза за јули: Што не очекува?

Во јули може да се очекуваат топлотни бранови (повремено и изразени) кои би донеле температури дури и до околу па и над 40 степени.

Во ваква ситуација секако може да се очекува повремено мачно и спарно време кое многу лошо ќе влијае врз поголемиот дел од граѓаните, стои во временската прогноца на Славчо Поповски.

Што се однесува до врнежите може да очекуваме повремено и нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер како и локално невреме проследено со град, силни електрични празнења и силен ветер.

Доколку секако се се случи атмосферата многу да се дестабилизира, да се загрее и да се исполни со голема енергија можно е да дојде и до поголеми невремиња на пример како овие невремеиња што ги имаме деновиве (локални поплави, и други штети).