Детали за повреденото бебе: Го носел кај дадилка, а потоа со повреди завршило на Клиника

Шестнаесет месечното бебе од Скопје со повреди е донесено на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Мајката на возраст од 21 година во полиција рекла дека пред три дена, нејзиниот партнер С.И.(34) од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката Л.Д.(55) од Скопје.

Како што рекла мајката, истиот ден дадилката ѝ јавила дека кога го земала бебето од партнерот ги забележала повредите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.