Деспотовски: Нова инвестиција во 2024 година, утре ќе се откриеме кој ќе биде инвеститорот

Нова странска инвестиција од Југоисточна Азија ќе почне да се реализира во 2024 година во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ). Според директорот на Дирекцијата Јован Деспотовски инвестицијата ќе биде објавена утре, локацијата е ТИРЗ Скопје 1, а до крајот на инвестицискиот период само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно.

- “Со оваа инвестиција, се отвора целосно ново поглавје во однос на типот и квалитетот на вложувањата, посебно од аспект на високи плати и ангажирање млади луѓе со високи квалификации. Компанијата има претставништва во повеќе земји низ светот и веќе вработува млади кадри од државава, но со договорот што е постигнат, бројката дваесеткратно ќе се зголеми“.