Минатата година илјадници посетители ја имаа шансата да се запознаат со начините како да ја негуваат својата кожа. Тие при посетата на Капитол мол воочија дека во модерното и динамично општество можат да одвојат време за себе и за своето семејство. Денес, петок, и утре, сабота, 16-ти и 17-ти ноември, Капитол мол одлучи да ги потсети сите дека негата е многу важна.
Второто издание на Дерма фест, е надградено и подобрено. Овие два дена од Дерма фест 2.0 - Кажи ми што е нега се посветени за негата на целото семејство. Од 12 до 22 часот на I кат сите заинтересирани за негата и здравјето ќе ја имаат можноста да се информираат, едуцираат, забавуваат и наградуваат. За разлика од минатата година, денес поголем дел од агендата ќе биде резервирана за експерти од полето на негата.
Денес, петок, 16.11.2018, може да се проследат следните активности:
- 12:00 – 13:00 - МОДЕРНА БИТКА НА ЖЕНАТА: СО ЗДРАВО ОРУЖЈЕ И НЕГА ПРОТИВ ЕГЗЕМАТА - Панел дискусија и совети од д-р Горица Дачевска - спец. дерматовенеролог
- 13:00 – 14:00 - СЕКОЈДНЕВНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЖЕНСКАТА УБАВИНА ВО 21 ВЕК - Панел дискусија поддржана од Женски Магазин
- 16:00 – 17:00 – ПАНЕЛ СОВЕТИ - НЕГА ВО ЗИМА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ со м-р фарм. Сања Јовевска – Поддржано од Sebamed Македонија
- 17:00 – 19:00 - BEAUTY AFTER-WORK! ВРЕМЕ ЗА НЕГА! Каде најбрзите и одбраните со сметка од над 500 денари, направена во Капитол мол во месец ноември ќе може да добијат третман во живо!
- 17:00 – 17:30 - Третмани и тестирање на креми во живо – Поддржано од Collistar
- 17:30 – 18:00 - Третмани за лице во живо - Поддржано од Uriage
- 18:00 – 18:30 - Третман со филер за усни во живо - Поддржано од Anti Aging Center на Promoitalia. Пополнување на усни со хијалуронски филер Teosyal RHA 3.
- 18:30 – 19:00 - Третмани за лице во живо и Панел дискусија со д-р Весна Ѓорѓиеска, доктор за Anti-Aging медицина. Поддржано од Derma Bella!
- 19:00 – 20:00 - ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА со д-р Слободан Ѓеоргиев - Поддржано од ПЗУ Поликлиника ДентаЕстетика
Утре, сабота, 17.11.2018, посетителите ќе ги очекува:
- 12:00 – 14:00 – ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА – МОЌНА НЕГА! Поддржано од Бора Македонија, ЈЗУ ГАК & Просветно дело
- 14:00 – 15:00 Тајландска Јога Масажа во ЖИВО со Атанас Мукоски – Поддржано од Ancient Minerals Македонија Gel
- 15:00 – 16:00 Кршење на табуа со кајакарот Атанас Николовски – Жените сакаат силни и негувани мажи! Негата на брадата и кожата е секојдневние за урбаниот маж!
- 16:00 – 17:00 Панел совети со д-р Емилија Минова, дерматоловенеролог од Неуромедика – Правилна нега на женската нежна кожа во студените денови.
Време е сите да одвојат малку време за себе, својот мир и својата кожа.