Денеска сончево со температури до 13 степени, следува период на потопло време

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -1 до -8, а дневната од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура до -3 степени, а дневната до 9 степени.

Следува претежно стабилно и потопло време, со слаб до умерен ветер од северозападен правец.