Денеска крводарителска акција во Чифте амам

Крводарителска акција ќе се одржи денеска од 10 часот во просториите на галеријата Чифте амам  во Старата скопска чаршија, на која крв ќе дарува и министерот за здравство Беким Сали, соопшти Министерството за здравство.

Министерството ја организира крводарителската акција во  соработка со Институтот за трансфузиона медицина, во пресрет на Светскиот ден на здравјето – 7 Април.