Денес „Вело дружба во општина Карпош“

Центарот за климатски промени, во соработка со Општина Карпош организира денеска вело дружење под наслов „Вело дружба во Општина Карпош“.

Вело дружбата ќе започне во 10:30 часот пред Драмски театар, каде претставници на општината, предводени од градоначалникот Стефан Богоев, претставници на Центарот за климатски промени и граѓани од општината ќе го почнат велосипедското дефиле и возејќи по велосипедските патеки на булевар „Партизански одреди“ ќе го завршат возењето на целта, која е предвидена во ТЦ Лептокарија на платото пред поранешно кафе Флуид околу 11 часот.

Во ТЦ Лептокарија, со помош на учениците од ООУ „Лазо Трповски“ од Општина Карпош ќе бидат презентирани дел од резултатите на проектот, ќе се промовира видео запис за користа од возењето на велосипед и ќе се спроведуваат активности за подигање на јавната свест за чиста животна средина.

Куси обраќања на вело дружбата ќе имаат градоначалникот на општина Карпош Богоев и претседателот на Центарот за климатски промени, Бојана Станојевска Пецуровска.

Целта на „Вело дружбата во Општина Карпош“ е промоција на 60 паркинг места за велосипеди кои ќе бидат поставени на четири различни локации во општината и тоа пред Драмски театар и Комплекс факултети во Карпош 2, ТЦ Лептокарија и плоштад Делфина Порта Влае, како и одбележување на Светскиот ден на животната средина – 5 јуни.

Локациите за поставување на паркинг места за велосипеди ги одбраа жителите на општината преку анкета спроведена во рамките на проектот „Заеднички за подобра животна средина во општина Карпош“.

Со оваа активност сметаме дека ќе придонесеме кон значително подигнувањето на свеста за возењето велосипед како значајна активност во борбата против аерозагадувањето и бучавата, која е се поголем проблем во урбаните општини.

Вело дружбата се организира во рамките на проектот „Заеднички за подобра животна средина во општина Карпош“, субгрантиран во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“, финансиран од Европската унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на Координативен одбор за Волонтерски услуги, Италија, подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ Антико Скопје.