Денес сончево со слаб ветер, од утре пораст на дневната температура

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Во текот на работната недела ќе преовладува претежно сончево и потопло време со пораст на дневната температура.