Денес облачно проследено со дожд и снег, од другата недела следат промени

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а во попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи информира.

Врнежите пообилни ќе бидат во западните делови, локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег, но со послаб интензитет.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд. Од среда ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.