Денес до 14 часот во поликлиниките на град Скопје вакцинирани се вкупно 371 дете

Денес до 14 часот, во поликлиниките на територија на град Скопје вакцинирани се вкупно 371 дете.

Состојбата на пациентите, кои се заболени од морбили е стабилна, во моментов се утврдува клиничката и лабораториска слика за уште едно дете, за кое лекарите се сомневаат дека има мали сипаници (морбили).