Делови од Карпош, Бутел и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (петок), без електрична енергија ќе останат:

- од 09:00 до 11:00 часот, дел од корисниците на улица Александар Урдаревски, околу ресторан Бон Бон (општина Бутел)

- од 12:00 до 14:00 часот, корисниците на ул.Борка Талевски, бр.60 (општина Карпош)

- од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од село Чифлик (општина Сопиште).