Делови од две скопски општини без струја, вода ќе нема на неколку улици

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (петок) поради веке закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат:

-во време од 08.00 – 16.00 часот дел од корисниците од бул. Видое Смиелевски Бато, спроти ПСС, и тоа блокови 1, 3, 5 и 9 (о. Аеродром);

- во време од 09.00 – 12.00 часот корисниците од улиците Атанас Иљоски и Борис Сарафов (о. Ѓорче Петров) и

- во време од 09.00 – 13.30 чсот корисниците од ул. Митре Влаот и Архиепископ Сотир Томосвски (о. Аеродром). 

Денеска без вода, пак, ќе бидат корисниците на дел од улиците „Максим Горки“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Лермонтова“ од 08:30 часот. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје причина за прекин во водоснабдувањето е дефект на приклучна цевка ф-80 милиметри на улицата „Максим Горки“ 31.

Прекинот ќе трае до санација на дефектот.