Делови од Чаир, Кисела Вода, Аеродорм и Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД, известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.

Во периодот од 08.15 до 10.00 часот, корисниците од улиците Атанас Бабата, Самарџиска, Кујунџиска, Ковачка и Јосиф Михајлов, како и објектите на Музеј на Македонија и Куршумли Ан. ( општина Чаир )

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – подулици од бр.35 до бр.45, како и подулиците во близина на подулица 100. (општина Аеродром )

– во периодот од 08.45 до 10.30 часот, корисниците од улиците Трајко Иванов, Добромир Хрс од бр.23 до бр.39, Петар Драпшин – на потегот од Трајко Иванов до Спиро Гулапчев, Лазар Димитров од бр.21 до бр.31, Лав Толстој, Ефтим Спространов од бр.27 до бр.50, објектите во трговскиот центар и урбаната заедница на ул. Петар Драпшин. (општина Кисела Вода )

– во периодот од 11.30 до 15.30 часот, корисниците од улица Битолска, како и објектите лоцирани во близина на Веро Џамбо. (општина Центар)