Дел од улиците во Карпош денеска без улично осветлување

Општина Карпош известува дека дел од улиците „Никола Тесла“, „Руѓер Бошковиќ“, „Шекспирова“, „Веселин Маслеша“ и „Бранислав Нушиќ“, денеска ќе немаат улично осветлување.

Од Општината наведуваат дека причина за прекин во уличното осветлување е поголем дефект.

Додаваат дека екипа на општина Карпош од утрово е на терен и работи на што е можно побрзо отстранување на дефектот.