Дел од Сарај денеска без струја, за утре најавени прекини низ цело Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска (вторник) ќе останат:

- од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од селата: Буковиќ, Раовиќ, Паничари и Ласкарци (Oпштина Сарај).

Утре (среда) без струја ќе останат:

- од 07:50 до 15:30 часот, корисниците од селата: Мршевци, Бујковци, Бучинци, (Општина Илинден) и с. Грушино. (Oпштина Арачиново)

- од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата: Бродец, Малино, Брест и Танушевци, (Општина Чучер Сандево) и с. Љубанци. (Oпштина Бутел)

- од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Румена Хаџипанзова во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)

-  од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иго, Емил Зола и Невена Георгиева Дуња. (Општина Кисела Вода)  од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Анкарска, поточно згради бр. 21, 23 и 33. (Општина Карпош) 

- од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Фјодор Достоевски. (Општина Карпош)

- од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Ринхини. (Општина Карпош).