Дел од летовите откажани и пренасочени: Густата магла го наруши авиосообраќајот во Скопје

Густата магла и намалената видливост вчера и денеска го наручи авиосообраќајот во Скопје, па дел од летовите мораше да бидат пренасочени кон аеродромот во Приштина, Косово.

Дел од авионите слетуваат со големо доцнење, а само синоќа беа пренасочени неколку летови од Германија, Италија и Швајцарија кон Приштина, додека летовите од Истанбул и Базел беа откажани.

Утрово повторно имаше доцнење на летовите од Истанбул за Скопје, а од утре се очекува разведрување на времето и најверојатно ќе се стабилизира распоредот на летови на скопскиот аеродром.