Дел од Аеродром без вода

Поради дефект на водоводната мрежа на ул. „Коста Новаковиќ“, без вода од 12:30 часот се дел од корисниците во општина Аеродром.

Вода немаат зградите 42 44,46-48 на „Коста Новаковиќ“. Водоснабдувањето ќе биде во прекин до отстранувањето на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.