Деца питачи на секоја страна во Скопје – дали сте се запрашале зошто истите постојано се мирни и спијат?

Ги опиваат, ги дрогираат или им даваат апчиња за да бидат мирни и да не плачат. Затоа децата кои се злоупотребуваат за питачење по улиците постојано спијат.

Оваа шокантно сознание го згрози светот. Писмото на еден анонимен граѓанин се најде речиси на сите интернет портали. Тој месец дена набљудувал една жена која со бебе питачела во близина на метро станица во една европска метропола. Едногодишното дете секогаш спиело што било невообичаено за негова возраст. Зачуден од оваа секојдневна слика пробал да разговара со жената но таа се правела дека не го слуша и го бркала за да може минувачите да и оставаат пари.

Потоа му се јавил на еден негов пријател од ромска националност кој му кажал дека се работи за криминална банда која изнајмувале или краделе деца од сиромашни семејства. Потоа им давале апчиња, хероин или водка за да бидат мирни и да не плачат.

Многу од нив умирале и додека се на улица во рацете на лажната мајка која мртвото тело морала да го чува до крајот на денот. Утредента на негово место било носено друго бебе. На крајот од писмото авторот на оваа грозоморна сторија апелира да не им се даваат пари на питачи бидејќи на тој начин овој бизнис би згаснал, а децата ќе бидат спасени.

Злоупотребата на децата за питачење е сериозен проблем и во Македонија. Овие слики се секојдневие по улиците, крстосниците, трговските центри, парковите не само во Скопје туку и во другите поголеми градови.