„Данела не си ги знае ингеренциите, може утре да влезе во филм и да почне да апси народ“, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски одржа прес-конференција на која кажа дека градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска не си ги знае ингеренциите.

- Обидот да пише казна и да удри по џебот на граѓаните во оштината, покажа дека ниту си ги знае ингеренциите, ниту надлежностите и што е најстрашно, според мене, ниту пак знае која е територијата која истата ја администрира. Таа може да стане утре и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува народ по улици и да апси народ, вели Ѓорѓиевски.

Оваа прес-конференција се случи по веста дека градоначалничката на Град Скопје изрекла казна од 90.000 евра на општина Кисела Вода.

Ѓорѓиевски кажа дека нема да ја плати казната и дека жали што својот глас го дал за Арсовска на изборите.

- Јас длабоко жалам што сум се довел во ситуација да гласам за Арсовска, кажа Ѓорѓиевски.