Дали знаете во кои земји 8 Март сè уште е државен празник?

Одбележувањето на овој празник почнува на почетокот од 20 век кога во Светот владееле индустријализацијата и економската експанзија, притоа доведувајќи до протести поради лошите услови за работа. Во 30-тите години некои држави престанале да го одбележуваат овој ден, но во 1975 година ОН почнале официјално да го одбележуваат.

Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожарот во текстилната фабрика Триангл Шртвеист, кој се случил во Њујорк во 1911 година. Тој ден загинале над 140 жени. Првите јавни демонстрации на жените вработени во индустрија за облека и текстил се случиле на 08.03.1857 година во Њујорк. Тогаш реагирала и полицијата да ги растера демонстрантите, а нешто подоцна тие жени основале синдикат.

Денеска овој ден во најголем дел од светот се празнува симболично, со подарок и цвет за внимание на жените во нашиот живот. Сепак, постојат уште неколку земји каде 8 Март е државен празник. Тие се земјите како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина. A Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.