Дали Скопје сака да биде главен град на Северна Македонија?

Дали Скопје сака да биде главен град во Северна Македонија и дали скопјани сакаат промена на името на својата држава ќе се знае денес. Коалицијата Заедно за европска Македонија денеска во Скопје организира Марш за европска Македонија кој е предвидено да заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје.

Маршот започнува во 13.30 пред зградата на Црвениот крст, а ќе заврши пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот, кога започнува официјалната програма на големиот граѓански собир на којшто ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, актерката и синдикален претставник, Сања Арсовска и новинарот Томислав Кежаровски.

Речиси истовремено, во Штип е најавен протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе започне кај црквата Св. Никола во Штип.

На собирот ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски.