Низ скопските општини вчера, на Денот на шегата, беше весело и шарено! Разбирливо, нарадосни беа најмалите кои продефилираа во разно разни креативни ликови.
Маскембали и забава за најмалите со музика имаше во повеќето скопски општини, но на централниот плоштад „Македонија“ беше без организирана детска програма! Ниту бина, ниту музика, ниту дефеиле - скопјани повторно „прстот го вперија“ кон градоначалничката Арсовска.
Според реакциите на социјалните мрежи, се чини, најкреативна и најдосетлива беше оваа маска!
„Некој ги „украл“ еврата, а тој некој нема лик“ - познато за во земјава!