„Да споиме до 8-ми?“ - бура на социјалните мрежи по одлуката на Владата да го врати екстра-денот за славење Нова Година

Владата одлучи 2 јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за соработка меѓу Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Владата на Република Македонија за реализација на Проект „Носење промени- добро управување и ефективност во јавната администрација“. Оваа вест по објавата на Скопјеинфо предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, ви пренесуваме дел од коментарите:

Бобана Јовановска пишува: „Хахаха за кого како“...

Елизабета Петрова вели: „Браво“.

Билјана Спасовска пашува: „Па нели беа многу празници“

Оливера Дипиновска коментира: „ А , другиве луѓе да црканат од работа само администрација да не работи“.

Маргарита Груевска пишува „Клати врата земај плата, а тие во маркетите ќе бидат слободни“.

Ирена Стоилковиќ Гавроска прашува: „А на тие што работат во приватна фирма не им е Нова година???Во што се разликуваат со државната администрација???

Марија Стојановска коментира: „Ццц, кај привилегирани по сите основи, нишај врати земај плати, партиски полтрони испопикани, па уште господата ќе одмарале. Приватен сектор нека црнчи и нека полни буџет“.

Ивана Нушевски предлага: „А да споиме до 8 ми? “

Ивановски.М.Зоран вели: „Нормално, и редно беше. Децении наназад 2 Јануари беше неработен, исто, треба да се врати и 2 Мај како неработен!“

Соња Тодевска пишува: „За кого како, за тие од Владата секој ден е неработен“.

Андоновска Лилјана прашува: „Бидејќи за приватниот сектор е само препорака како ќе биде плаќањето на тие што ќе работат??? Празнично или како обичен работен ден. Не е само да се крене рака и да се тресат глупости. Срамота што им се прави на вработените со 200 евра.“

Данче Младенова коментира:  Епа нека биде цел Јануари неработен! Тие што имаат приватни продавнички ќе се крстат на крај на месецот ,кога треба во февруари и плата и кирија и за роба да се собери ! Нели требаше да се намалат неработните денови ?! 

Добар дел од македонските граѓани ќе работат за новогодишните и божиќните празници. Искуството од досега покажува дека работниот ангажман за време на празници и викенди не им е дополнително платено од страна на работодавачите.

Според законската регулатива доколку одговорните лица во приватниот и државниот сектор одлучат да ги ангажираат своите вработени за време на државни празници кои што се прогласени за неработни денови согласно закон, тие тоа треба да го пријават во Трудовата инспекција, а на вработените да им исплатат празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови, работникот има право на дополнителен надомест на плата, но зголемена за 50% токму за деновите кога биле неработни.

Доколку работодавецот не го испочитува законот, а при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваквата дневница не била исплатена, тогаш следи казна за работодавецот од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.