Да нема паника: ЦУК ќе тестира противпожарен систем во кулите Џевахир

Центарот за управување со кризи ги информира граѓаните на Скопје и особено станарите во кулите Џеваир сити, како и од околината, во Аеродром и Ново Лисиче, дека денеска ќе има противпожарно тестирање во една од овие висококатници.

- Регионалниот ЦУК Скопје информира дека фирмата „Хаусмајстор груп“ известила дека ќе тестира противпожарна (ПП) опрема во комплексот висококатници Џеваир сити (во зграда А), денеска, во период од 11 до 12 часот. Тоа ќе биде тестирање на противпожарна (ПП) опрема и нема да биде реална ситуација на територијата на Општина Аеродром, велат од ЦУК.