Да кажеме „не“ за уништување на географијата како предмет, бараат здруженијата на географи

Здруженијата на географи преку онлајн петиција бараат да се задржи статусот на географијата како посебен предмет во училиштата.

-Географијата е спој меѓу природните и социо-економските карактеристики на просторот. Со Концепцијата овие две нишки целосно се одвојуваат и вештачки се спојуваат со други предмети. Тоа ќе донесе до големи последици, пишува во петицијата.

Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет била доставена до Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и претседателот на државата.

Петицијата може да се најде ТУКА.