Д-р Софијанова има светски признанија и спасени детски животи - Салиу се обидува да ѝ го руши кредибилитетот

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, искусна докторка педијатар, се огласи на социјалните мрежи откако новинарот Фуркан Салиу ја обвини за астрономски приходи од дежурства, а јавноста се крена да ја одбрани нејзината чест. 

Д-р Софијанова е докажан специјалист педијатар и е достапна 24/7 за пациентите, велат повеќето граѓани за нејзината посветена работа.

Не е мал бројот на пофалбите и зборовите на благодарност од родителите кои велат дека нивните деца биле спасени токму благодарение на екпертскиот пристап на докторката.

Еве дел од реакциите по вчерашниот настан: 

-Софијанова има добиено признанија од европски институции, за разлика од еден новинар, провокатор што не ја признаваше акредитацијата од председател на држава во која живее, не била и на албански напишана, сака да руши нечиј кредибилитет, што е со години граден. Игнорирајте вакви новинари! 

-Докторката воопшто не треба да се правда на никого и да докажува колку пари зема или не зема. Све што земала- заслужила. 

-Им сметаат Доктори, кои спасуваат животи, кој колку земал плата, и за дежурства. Ама не им смета Рамковиот договор, по кој, повеќето Албанци седат дома и си земаат плата. А зошто новинарот,не провери, колку плата и додатоци земаат неговите од ДУИ, или не смее да бута нос таму.