Д-р Пановски: Кај нас кафаните и кафичите и во вториот и во третиот бран беа местата каде народот природно се имунизираше

Релаксирањето на мерките ќе предизвика раст на бројот на нови случаи на коронавирусот, вели за Телма, микробиологот Никола Пановски.

Според него, доколку потоа се реагира со дополнителни мерки тие ќе бидат задоцнети.

Докторот во своето најново интервју цели дека очекува да имаме по 1.000 случаи дневно, и се надева дека бројката нема да оди повисоко од тоа. 

-Кај нас кафаните и кафичите и во вториот и во третиот бран беа местата каде народот природно се имунизираше. Меѓутоа, многумина од тие природно имунизирани не се меѓу нас или имаат теши последици. Според мене, мерките треба да се прават за да се спречи ширење. Треба да се вратиме на повторна кампања и за вакцина и за заштита. Луѓето заборавија да носат маски и навистина ова со рестораните и со свадбите во затворен простор, кафулиња, рече Пановски.