Доктор Никола Пановски на својот Фејсбук профил пишува за мерките и за состојбата со корона вирусот во државата.
Неговиот статус го пренесуваме во целост.
Главен ризик за инфекција со Ковид 19:
1. Растојание помало од 2 метри
2. Долг контакт, 20 минути и повеќе
3. Зборување, кашлање, кивање, пеење за време на контактот.
Заштита: избегнувајте таков вид кобтакти, ако морате носете маска.
Ова се сознанија научно и стручно докажабжани за сите респираторни инфекции уште пред100 години, а важат у за Ковид 19.
Ресторан, кафе бар, исполнети сите услови за пренос, особено во затворен простор.
Мерка на Владата на РСМ: не треба маска!
Пешачење на кеј, седење на клупа сам во парк, велосипед: Можен контакт поблиску од 2 метри во траење од 1 до 5 секунди. На пољана, планина, нива, можен контакт на дистанца од 10 метри.
Мерка на Владата на РСМ:
Задолжително носење маска.
" Кој не полуди тој не е нормален".
ЈАС ПОЛУДЕВ, ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СУМ НОРМАЛЕН?