Д-р Чибишев: 18 месеци сме во пандемија, а ние се уште немаме официјални протоколи за лекување

 Д-р. Андон Чибишев од Клиника за токсикологија, во гостувањето на ТВ 24, оцени дека здравствениот систем од почеток на пандемијата малку неспремно влезе во справување со корона кризата која го зафати целиот свет. Меѓутоа поминаа 18 месеци откога почна кризата и, како што вели, имавме доволно време подобро да се подготвиме и спротивставиме на пандемијата којашто навистина доведе до пореметувања во сите сфери од општеството

-Жал ми е што ќе кажам, но не се справуваме добро со пандемијата. Некогаш подобро, некогаш полошо и хаотично. По бројот на новозаразни гледам дека е неорганзирано. Ние уште на стартот немавме никаква контрола, на тоа кој влегува, кој излегува. Контрола на аеродрмите која требаше да биде првата брана на трансмисија на вирусот. Кога целиот свет ги повикуваше државите да тестираат што повеќе за да се ограничи трансмисијата на виурсот ние тоа не го направивме, тестиравме во ограничен број за помалку да се прикажуваат болни, вели Д-р Чибишев. 

Тој смета дека имавме голем наплив на новозарзаени, а ограничен капацитет за згрижување.

-Модуларните болници на почетокот завршија голема работа, но после толку време не можеме да се осврнееме на нив. Тие имаат минимални услови за згрижувања. Сметам дека модуларните болници како времени можеа да погомогнат на почетокот кога има голем наплив, а нема капицтет за сместување.Требаше да го искористиме периодов и да оспособиме здравствени места за згрижување на вакви пациенти. Имаме голем број на здравствени установи кои имаат подобри, услови, а се не искористени. Со мали градежни интервенции можеа да се приспособат, вели докторот. 

Во однос на смртноста Д-р Чибишев смета дека имаме големи проблеми со менаџментот и со третмантот на овие пациенити.

-18 месеци сме во пандемија, а ние се уште немаме официјални протоколи за лекување на оваа инфекција. Секој лекува пациенти како што смета дека е најдобро. Мислам дека тое е една од причините зошто имаме толкава смртност. И мислам дека тука се прават големи грешки, заклучува тој.