Цветна розова бајка низ градските улици и паркови (ГАЛЕРИЈА)

Цутот на јапонските цреши кој деновиве е интензивен создава бајковита атмосфера низ градските улици и паркови низ Скопје.

Богатиот цвет на цреша кој е еден од најубавите во природата, како и прошетката по паднатите ливчиња создаваат несекојдневно чувство кај минувачите, односно граѓаните на Скопје.

Градот Скопје во изминатите години засади околу 300 садници од ова листопадно дрво на територијата на Скопје.