Циклонот Силвија вечерва засилува - вистинска есен на стартот на летото најавуваат синоптичарите

Вистинска есен на стартот на летото најавуваат синоптичарите. Оваа работна недела повеќе наликува на некоја од есенските отколку на последната во јуни а такви се и условите кои не очекуваат барем до среда.

Метеоролозите најавуваат дека циклонот кој го носи името Силвија ќе се интензивира а првиот воден „бран“ можеме да го очекуваме уште вечерва и тоа во западните и јужните краеви на земјата. 

Во одредени делови се најавуваат 30 литри на квадрат и услови за порој и грмежи. 

Поинтензивен дожд се очекува во вторник и среда кога се можни и 50 литри воден талог на метар квадратен.

И температурите ќе одат надолу. Минимумот се најавува кон средината на недлата кога во текот на денот нема да се регистрираат повеќе од 20 степени, додека минималните во некои делови од земјата ќе се спуштат и до 7 степени, а на планините и неколку степени подолу. Повисоки температури и разведрување можеме да очекуваме дури по крајот на викендот.